Целер во тегли
Оцетот, водата солата и шеќерот се варат додека не зовријат. Се остава да олади.
Коренот од целерот се чисти и се сечи на тенки кругови, па се вари во солена вода малку да омекни. Се цеди од водата и се реди во серилизирани тегли. Помеѓу круговите од целер може да се нареди и од зелените гранчиња со листови. Теглите се полнат со течноста која што оладила, не догоре туку да има растојание 1 см од целерот до капакот за да има простор за течноста. Се прелаваат убаво да се прекријат со течност, теглите цврсто се затвараат и се остава неколку дена во ладна просторија. Потоа може да се конзумира како салата или додаток во готвењето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови