9
јул
2014
Украсни солени бомбици
Основата за бомбициве ни се путерот, сирењето и урдата. Путерот пенасто го матиме, па ги додаваме ренданото сирење и урдата и промешуваме убаво со миксер.
Потоа смесата ја делиме и во деловите додаваме
- сечкана шунка,
- сечкани перца од млад кромид
- сечкана краставица и лукче
- ајвар и црвен пипер и валкаме во состојки по желба.
Од вашата креативност и вкус ќе зависи убавината на овие бомбици.
Лиценца: Сите права се задржани
И така е како што кажуваш, Лиле, малку трпение, повеќе креативност и трпезата изгледа богато:)