Испечати

Украсни солени бомбици

Украсни солени бомбици

Состојки

  • Основа за бомбиците
  • 300 гр урда
  • 150 гр сирење
  • 100 гр путер
  • Состојки за во бомбиците
  • 2-3 парчиња сечкана шунка
  • малку сечкани перца од млад кромид
  • 2 чешниња лук
  • сечкан магдонос
  • 1 лажица пикантен ајвар
  • парче свежа краставица
  • За валкање на бомбиците
  • 2-3 лажици буковец
  • 2-3 лажици сусам
  • 2-3 лажици мелени семки од тиква
  • сечкан магдонос

Подготовка

Основата за бомбициве ни се путерот, сирењето и урдата. Путерот пенасто го матиме, па ги додаваме ренданото сирење и урдата и промешуваме убаво со миксер.
Потоа смесата ја делиме и во деловите додаваме
- сечкана шунка,
- сечкани перца од млад кромид
- сечкана краставица и лукче
- ајвар и црвен пипер и валкаме во состојки по желба.
Од вашата креативност и вкус ќе зависи убавината на овие бомбици.