![Трилече на мој начин](https://moirecepti.mk/content/uploads/2014/08/DSCN2444aaKBa-16c153-800x600.jpg)
19
авг
2014
Трилече на мој начин
Јајцата со шеќерот и ванилата убаво и густо изматете ги. Додадете го маслото и матете уште една минута. Потоа намалете ја брзината на миксерот и додадете ги останатите состојки да се соединат.
Смесата излијте ја во тава предходно намастена и побрашнета и печете на 180С.
Кога бисквитот ќе се излади, внимателно одделете го од садот и превртете го на работната маса. Истурете дел течностите за преливот, вратете го назад (јас го вретив превртен, но не мора) и долијте го одозгора. Оставете го час до два во фрижидер убаво да се впие течноста, потоа премачкајте со карамел прелив или ако немате како мене, тогаш нанесете шлаг одозгора и уживајте.
Лиценца: Сите права се задржани