Торта со вкус на портокал и карамелизиран шеќер (без печење)
Во суво тенџерче се става шеќерот и се загрева додека се карамелизира.
Се налева водата, која можи да е млака и на средна температура се вари 10 минути додека се стопи карамелот со водата.
Во коцкест сад чии страници треба да се точно до наредениот двопек, редиме двопек 3х4 и го полеваме со кутлача насекаде со жешката карамелизирана шеќерна вода.
Во дел од млекото се става малку од шеќерот и нишестето и се меша да се соедини, а остатокот шеќер и млеко се загреваат, па се додава раствореното нишесте и се вари крем.
Кога кремот е готов, се додава ванилата и маргаринот и убаво се меша до соединување.
Кремот ќе ви изгледа малку потечен од вообичаено, но во ред е. Само полнете ги лажиците со брашно и нишесте убаво.
Врелиот крем го истураме врз прелиениот двопек и оставаме да фати кора додека го спремаме портокал слојот.
Во тенџерче ги мешаме сите состојки за портокал слојот и вариме додека фати густина.
Истураме врз кремот и рамниме.
Оставаме тортата да се стегни на ладно час до два па ја сечиме на коцки и украсуваме по желба.
Овде одлично би се вклопиле парчиња портокал, но јас ете изумив да ги ставам иако уште во старт тоа ми беше во намера.
Исто така, жалам што цела не е сликана, па јас јадев уште пред да стигнам да сликам од неа и тоа солидно се насркав. Одлична е, пробајте ја, па се надевам ќе ме разберите за слабоста : )
Лиценца: Сите права се задржани
рецептот веќе со месеци чекаше денот да му осамни :))) знаев дека ќе ми ги оправда очекувањата. едноставно прекрасен испадна. а портокалите ги манав на центригуфа од цедалката хахаха