И вака спремани се добри може било кои дробчиња - џигерчиња, срциња. Јас денес наместо пилешки ставив свински, повторно добро.
 
- Доколку имате готов карамелизиран кромид ќе си ја олесните работата, а доколку немате, најпрво ќе си го спремите него на начин како што веке сум опишала во рецептот кој веќе е поставен, но притоа зголемувајки ги состојките. Потребно е да се карамелизираат 6-7 глави кромид, само со тоа што откако ќе остане на зејтинот кромидот, сега ќе ги додадете шампињоните исечени на половина и се пропжуваат толку колку да се измешаат со кромидот и да малку омекнат.
-  Дробчињата и џигерчињата исчистете ги, исечете на половина (доколку се пилешки - свинските на поситни парчиња) попарете ги со врела вода во која сте ставиле 1 лажица оцет, оставете нека постојат 2-3 мин,. исцедете ги.
- Исечете ги доматите на кругови и наредете ги по дното на садот во кој ќе го спремате ручекот, одозгора ставете го чили сосот доколку сте се одлучиле за пикантна варијанта, овкусете на вкус со сол и сушен зачин, посипете со магданосот. Налијте виното и зејтинот.
- Одозгора ставете ги исцедените дробчиња, а врз нив обилно наредете го карамелизираниот кромид со шампињоните.
- Поклопете го садот и ставете во предходно загреана рерна на 220 степени, а одкако ќе зоврие намалете ја температурата на 170 степена и нека крчка околу 1 час.

Забелешка
- Доколку спремате во сад без капак ставете алуминумска фолија
- Одлично се спрема во ѓувеч со капак
- Доколку го спремате во Гурмет, тогаш количината на виното треба да е на половина, се вклучува гурметот и се остава на бавно готвење.
- Во зимен период доколку имате конзервиран домат - тогаш треба да е добро оцеден и е потребно околу 150 гр.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани