8
ное
2021
Таратур со ѕаѕики зачин
Класичен таратур, но уште повкусен со зачинот ѕаѕики, омилена млечна салата во мојот дом.
1. Лукчето се сечка многу ситно, се става малку сол, зачинот ѕаѕики и маслото, се меша во сад.
2. Крставицата се лупи и се сечка на многу мали коцки, се додаваат киселото млеко и киселата павлака, се меша убаво со жица или со голема лажица.
3. Се додава сол по вкус, одозгора (по желба), се посолува со сув магдонос и др.
Забелешка
* Лук може да се стави онолку колку што вие сакате, јас ставам дури и повеќе.
* Киселото млеко изберете го по ваш вкус, а киселата павлака е подобро да биде со поголем процент на масленост (20%).
(534)
Лиценца: Сите права се задржани