28
мај
2015
Намаз со лукче - ѕаѕики
Се мие убаво краставицата. Се ренда и се става во цедилка. Се посолува за полесно да излези течноста и така да постои 10 мин. Со рака уште се исцедува и се става во сад. Се додава лукчето, јогуртот и сок од лимон. Се меша убаво. Сол во вкус. Се истура намазот во чинија се поросува со бибер и се прска со маслиново масло. Овој намаз оди со се, вкусно е само со лепче и салата а исто и со скара.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови