Супа против настинка
Не дека супа се јаде само ако сме настинати, но ете во тој период од годината сме кога настинките се доста зачестени, имунитетот е заслабен па не би било лошо доколку барем еднаш во неделата има супа за ручек.
А јас ја имам вистинската супа за вас =) ... многу често подготвувана и омилена дома. Супа со јајце или ете новото име супа против настинка =)))
1. Пилешкото месо и зеленчукот (освен магдоносот) претходно исчистен ставете ги во сад со поголемо количество вода да се варат.
2. Кога се сварени извадете ги, зеленчукот со вилушка изгмечето го да има и помали и поголеми парчиња, а месото со рака искинете го на парчиња. Вратете ги назад во водата, промешајте и зачинете по вкус.
3. Јајцето изматете го во сад на страна и додадете брашно за да добиете смеса погуста од таа за палачинки (ако ви се чини многу густа додадете 1-2 лажици од супата). Преку лажица-решетка или вилушка истурете го јајцето во супата и оставете да врие неколку минути. На крај додадете го ситно сецканиот магдонос и исклучете.
Послужете топло и кажете и збогум на настинката =)))
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани