17
мар
2014
Сируп против кашлица
Овој сируп често го правам за моите деца, а најмногу за малата Еми. Ќе испие две дози од овој сок-сируп и нема одење на лекар (како што вели таа).
Во мал сад се става прво шеќерот и се топи да се добие боја на карамел. Се додава полека водата и се остава да зоврие додека карамелот не се растопи. Потоа се додаваат жалфијата и ловорот.
Ова се остава на тивко да врие 15мин. Се трга настрана и се додава 1 исцеден лимон и се остава покриено 30мин. По половина час сето ова се процедува и се консумира.
Се пие по едно чашче од 50мл 4 пати на ден. Сета количина да се испие за 4 дена.
П.С Ако кашлицата не престанува се прави уште една доза.
Лиценца: Сите права се задржани