Домашни бонбони (против кашлица)
Ловоровиот лист кој се користи во јадењата и им дава специфична арома, се користи и како природен лек кој има противвоспалително дејство, во форма на чај или сируп против кашлица и болка во грлото. Овојпат се решив да го вметнам во овие бонбони, кои нам лично ни ја олеснуваат кашлицата, па се надевам дека овој рецепт ќе се најде и на некој од вас.
Подготовка
1. Во касерола ги ставаме водата и ловоровите ливчиња. Јас ги исецкав на помали парчиња. Вариме 10на минути. Се процедува течноста од ливчињата. Од нејзе користиме само 50 мл, ако е повеќе остатокот испијте го како чај со додавање на мед и лимонов сок по вкус, а ако е помалку додајте обична вода.
2. Сега во таа течност (која треба да биде точно 50 мл), ги додаваме останатите наведени состојки, вклучуваме на најјака температура и кога смесата ќе почне да врие, ја намалуваме температурата и продолжуваме со готвењето, со повремено мешање. Нека врие смесата уште околу 15-20 минути, додека да почне да ја променува бојата во светло жолта и се згуснува како сируп. Немојте да дозволите смесата да потемне, бидејќи во спротивно ќе горчат бонбоните.
3. Тргаме настрана, и во плех во кој имаме ставено мрсна хартија за печење, со помош на мало лажиче ставаме од смесата по малку, во големина колку класичните бонбони.
4. За кратко време потполно ќе се стврднат, па тогаш со помош на цедалка ги посипуваме со шеќер во прав, па ги одлепуваме од хартијата и промешуваме убаво да се обложат од сите страни со шеќерот.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани