5
апр
2014
Супа од домашно петле против настинки
Прво исчистеното петле се сече на помали парчиња се налива со вода и се остава на тивко да вари околу 2 часа.
Во друго тенџере на оган се процедува течноста во која се вареше петлето.
Се додаваат морковот, целерот, пашканатот. Се зачинува.
Потоа по ваш вкус додадете од месото.
Јас ги ставив крилцата, џигерчињата, срцето, малите копанчина и белото месо.
Додадете го фидето и нека вари уште 10-15 минути.
На крај додадете сок од лимон, бибер и ситно сецкан магдонос.
Топло ви ја препорачувам оваа супа која сигурно помага при настинки, грип...
Лиценца: Сите права се задржани