Испечати

Супа од домашно петле против настинки

Супа од домашно петле против настинки

Состојки

  • 1 исчистено домашно петле
  • 1 сецкан морков
  • 1/2 корен сецкан пашканат
  • 1/2 корен сецкан целер
  • 80 -100 гр фиде
  • вода по потреба, сок од лимон, магдонос, сол, бибер, зачин

Подготовка

Прво исчистеното петле се сече на помали парчиња се налива со вода и се остава на тивко да вари околу 2 часа.
Во друго тенџере на оган се процедува течноста во која се вареше петлето.
Се додаваат морковот, целерот, пашканатот. Се зачинува.
Потоа по ваш вкус додадете од месото.
Јас ги ставив крилцата, џигерчињата, срцето, малите копанчина и белото месо.
Додадете го фидето и нека вари уште 10-15 минути.
На крај додадете сок од лимон, бибер и ситно сецкан магдонос.
Топло ви ја препорачувам оваа супа која сигурно помага  при настинки, грип...