Бабина сукана баница со кисела зелка
Пред да почнам не можам, а да не ја споменам баба ми и да и се заблагодарам за трпението бидејки без неа немаше никогаш да научам да сукам. Затоа како добар ученик оваа баница и ја посветувам на неа.
Замесуваме тесто стандарт брашно, сол, шеќер, квасец, 50мил.зејтин и топла вода.
Тестото се замесува убаво, глатко и од него се прават 9 до 10 топчиња кои се оставаа да подстасаат покриени со крпа.
Филот го подготвувам пред да го замесам тестото ситно ја дробам зелката и варам додека не омекне, потоа ја пржам и и додавам 2лажици црвен пипер.
Го земаме сукалото и расукуваме тенка кора која ја ставаме врз тавчето, но целосно го прекриваме и краевите паѓаат преку тавчето. Секоја кора се премачкува со зејтин и со фил, морам да напоменам дека секоја кора се гужва и реди една врз друга. Првата кора која паѓаше преку тавчето на крај ја затвараме т.е. ја виткаме. На крај со четкичка ја премачкуваме со зејтин и ја сечеме на коцки.
Забелешка
Филот може да го подготвите по желба имам пробано со урда и сирење, со праз...зависи од вкусот.
Лиценца: Сите права се задржани