Слатки пралини
рецепти и полнења за пралини никогаш доста, ги има разни. Јас си направив мали експерименти, па ми се допаднаа и мене и на моите дома.
Чоколадата се топи со малку масло и со неа се премачкуваат калапите, па се стават во фрижидер да стегнат. Оваа постапка се повторува 2 пати.С
Слатката павлака се става на оган да зоврие, па и се додава кокосот и екстрактот од јагоди. Со оваа смеса се полнат модлите и се затвараат со чоколадо. Се оставаат 5 минути во фрижидер да стегнат и се вадат од силиконскиот калап.
За второто полнење се раствара желатинот со малку вода и се става на оган колку да се растопи, па се меша со овошниот јогурт. Овие со овошен јогурт си ги направив со бело чоколадо. Излегоа како вистински бомбониери...
Лиценца: Сите права се задржани
си правела два вида на пралини, тоа е второ полнење? :)
и колку желатин? :)
Те молам пиши ми од каде можам да си купам вакви силиконски калапи. Сум видела на страната на Делимано, но таму само има за мафини, а за вакви ситни слатки не сум видела, или сум грешка....
Vi blagodaram Svetle,Maja i Emma:)))
I jas sakam da znam od kade se kalapite :))