Слатки пралини
Состојки
- 300 гр црно чоколадо
- 200 мл слатка павлака
- 200 гр кокос
- 1 шишенце екстракт од јагода
- за второ полнење
- 500 мл овошен јогурт по ваш избор
Подготовка
рецепти и полнења за пралини никогаш доста, ги има разни. Јас си направив мали експерименти, па ми се допаднаа и мене и на моите дома.
Чоколадата се топи со малку масло и со неа се премачкуваат калапите, па се стават во фрижидер да стегнат. Оваа постапка се повторува 2 пати.С
Слатката павлака се става на оган да зоврие, па и се додава кокосот и екстрактот од јагоди. Со оваа смеса се полнат модлите и се затвараат со чоколадо. Се оставаат 5 минути во фрижидер да стегнат и се вадат од силиконскиот калап.
За второто полнење се раствара желатинот со малку вода и се става на оган колку да се растопи, па се меша со овошниот јогурт. Овие со овошен јогурт си ги направив со бело чоколадо. Излегоа како вистински бомбониери...