Сируп од боздел
И така драги мои, после џемот од бозделовиот плод - еве ме сега со сирупот од боздел, а ќе ви кажам и за виното од истиот плод.
Јас последниве години се запознавам со бозделот, не сум знаела дека бозделот е билка која спага во најлековитите билки, не сум знаела дека буквално се се користи почнувајки од коренот, па до веќе зрелиот плод. Значи коренот, кората, листовите, цветот и на крај плодот. Сакајки да знам што повеќе за него, дојдов до сознание дека плодот на бозделот содржи алкалоиди, каротени, танини, органски киселини и витамините А,Б и Ц, флавоноиди кои се моќни антиоксиданти кои ги штитат станиците во организмот од оштетување и поради тоа бозделот се користи при лечење на дегенеративни болести како и превенција на карциномот. Дознав дека е голем сојузник во спречувањето на грипот и настинка бидејки го јакне имунитетот. Корисен бил и кај болните од астма, воспаленијата на дишните органи, го олеснува дишењето и помага при искашлувањето. Бозделот поседувал и детексикационо делување бидејки успешно ги излачува токсини од лимфните жлезди, значи со еден збор тој е билка со широк спектар на делување и можел да помогне при астма и алергија, акните и пегите на кожата, грипот и настинката, го чисти организмот, го зајакнува имунитетот, дегенеративни болести, чиреви и коњуктивитис, слабеење, дијабетис, проблеми со варење...
Хихи, уште малку ако пишувам за него - ќе докторирам.
Да прејдам на рецептот. Значи вака:
1. Насечете потполно зрел плод од бозедл - заедно со гранчето, измијте ги и оставете да се исцеди и исуши (не смее да биде влажен)
2. Со рака (многу лесно се одстрануваат бобинките) или со вилушка, одстраенте ги бобинките (изронете ги)
3. Во чиста и сува тегла од 5 л., ставајте прво ред шеќер, ред бобинки од бозделот и така додека не довршите водејки сметка дека последниот ред треба да ви биде поголема количина на шеќер и добро да се покријат сите бобоинки. Заврзете го отворот на теглата со газа, оставете на светло место (не дирекно на сонце) нека стои 3-три недели. Кога ќе забележите дека шеќерот се споил со сокот од бобинките- дури тогаш ќе можете да почнете барем еднаш дневно да ги промешувате со дрвена лажица внимавајки да не ги згмечите. После изминатиот период внимателно процедете преку газа. Велам внимателно затоа што не смее ниту едно зрно од плодот да ви падне ниту семка ниту евентуално некоја рачка доколку имало. Ова за да не продолжи да ферментира. Ако е потребно двапати низ газа процедето го заради секоја сигурност. Соберете во темни флаши, чувајте на темно и ладно.
Консумирање
Овој сируп се пие од есента додека има., превентивно и тоа возрасните по 1 лажица на гладно, а за деца од 5 години по една лажичка, од 2 до 5 години по 1/2 лажичка. Доколку дечињата не можат така да го испијат, можете да го растворите со вода и да го така испијат.
ЗАБЕЛЕШКА
ВНИМАВАЈТЕ при ронењето на плодот - НЕ СМЕЕ да има ниту едно зрно недозреано, сите зелени зрна да ги одстраните, тие можат да предизивикаат големи проблеми.
Кога ќе го процедите бозделот, прелијте ги бобинките со 3 л. вода и оставете да стојат повторно 3 недели, ќе добиете исто така убаво и со исти својства - Вино. Од како ќе го направам ќе го поставам и рецептот.
Благодарам на вниманието!
Лиценца: Сите права се задржани
Eve go receptot po koj taa go podgotvuvase :
Na 40 kitki bozel se dodava 5 kg voda i se ostava da otstoi 24 casa.Potoa se cedi preku cedalka, pa na cedeniot sok mu dodavame 4 kg seker i 2 paketcinja limontos.Promesuvame da se rastopi sekerot, polnime vo sisinja i zapecatuvame.
Kako i da e prigotveno..... cinam ,,,vkusot vo ustata mi e.....
Cajot e dobar lek protiv laringit,bronhit, nastinka i grip.
1 cajna lazica suv bozel se poparuva so 200 gr voda zeska i otstojuva poklopen okolu 20 minuti. Vaka prigotven caj se pie najmnogu do 3 casi na den.