Џем од боздел
Да не беше желбата да го поставам овде рецептот, ќе закачев само слика и ќе ве прашав дали знаете од што е џемот. Јас прв пат и кога го јадев не погодив, а камоли на слика да го гледав... се мислев од капини е.... но поради тоа што за мене беше тоа новина, веднаш се складира ваков рецепт во нотесот..
Сум правела сок од цветот, но дека од плодот може да се направи сок, џем, аператив, мармалад, компот... тоа не сум знаела, но секогаш има прв пат нели?
Значи се работи за плодот од бозделот, тие црни сјајни бобинки кои сме ги одминувале, а биле толку вкусни.
За бозделот, почнувајки од цветот, самата кора на стеблото, па се до плодот, има многу да се пишува, сега пишувам за џемот.
1. Бобинките - плодот од бозделот се берат сега касно во летото, се чистат и мијат.
2. Се стават во тенџере, се додава шеќерот и се варат околу 20 минути.
3. Желинот измешајте го со 2 лажици шеќер и ванилата, доддадете го во џемот. Додадете го и сокот од лимонот. Варете уште неколку минути - тргнете од огнот.
4. Полнете го топол во теглите, затворете и одложете во подрумот.
НАПОММЕНА
Откако ќе го ставите желинот внимавајте да не го преварите бидејки тој бргу желира.
Доколку не сакате да користите желин, тогаш сварете го онака како што го варите најобично слаткото од капини.
Да ви е слатко со овој необичен џем од бозделот за кој сум читала дека е здрав и лековит!
Лиценца: Сите права се задржани
Nemorate dragi moi da koristite Zelin, napomenav - mozete da go varite najobicno kako sekoe slatko...
i
јас барав цветови за сок, ама видиш да сум знаела ќе сум направела и вакво чудо. до година здравје :)
Od nego pravev lek za cirkulacija na krvta. Prekrasno e vo sekoj slucaj, mnogu zdravo i korisno rastenie e.