Во тенџере на оган ставете ја водата, какаото и шеќерот мешајте постојано додека какаото да се соедини со водата. Кога ќе дојде до вриење додадете нотка сол и ванилин шеќер. Откога ќе зоврие варете уште три минути и остранете од оган. Ладниот сируп соберете во тегла и чувајте во фрижидер, може да се употребува два до три месеца. Можете да го употеребувате како прелив за сладолед, палачинки, колач  или по една лажичка во млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови