18
апр
2013
Домашен чоколаден сируп
Во тенџере на оган ставете ја водата, какаото и шеќерот мешајте постојано додека какаото да се соедини со водата. Кога ќе дојде до вриење додадете нотка сол и ванилин шеќер. Откога ќе зоврие варете уште три минути и остранете од оган. Ладниот сируп соберете во тегла и чувајте во фрижидер, може да се употребува два до три месеца. Можете да го употеребувате како прелив за сладолед, палачинки, колач или по една лажичка во млеко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
додадов малку цимет, каранфилче и морско оревче, да замириса на мене :) :) :) :)