Домашен чоколаден сируп
Состојки
- 300 гр шеќер
- 240 гр вода
- нотка сол
- 1 ванила
- 70 гр поквалитетно какао
Подготовка
Во тенџере на оган ставете ја водата, какаото и шеќерот мешајте постојано додека какаото да се соедини со водата. Кога ќе дојде до вриење додадете нотка сол и ванилин шеќер. Откога ќе зоврие варете уште три минути и остранете од оган. Ладниот сируп соберете во тегла и чувајте во фрижидер, може да се употребува два до три месеца. Можете да го употеребувате како прелив за сладолед, палачинки, колач или по една лажичка во млеко.