Роденденска торта со пудинзи од карамел
Лошите пилиња и прасињата играта која цело време се играше ланската година беше омилена на син ми и се разбира мораше да направам таква роденденска торта.
Започнуваме со подготовката на белата паниспања.
Јајцата ги биеме пенесто го додаваме шеќерот, млакото млеко и маслото. Биеме со миксер додека не добиеме изедначена смеса и го ислучуваме миксерот.
Потоа ги додаваме 4 лажици брашно, пецивото и кокосовото брашно, но мешаме со дрвена лажица. Тестото го истураме во плех од шпоретот обложен со хартија и печиме на 190 степени околу 20 мин.
Од кафеавите паниспањи печиме две и тоа по 4 белки, 4 лажици шекер, 1/2 пециво, 1 лажица гриз, 2 лажици брашно.
Убаво биеме да добиеме изедначена смеса и кога ке го исклучиме миксерот ги додаваме 100гр.ореви.И овие паниспањи ги печиме во истиот плех од шпорет обложен со хартија.Печиме на 190 степени околу 15 мин.
Во мегувреме го правиме филот-млекото го ставаме на тивок оган заедно со шеќерот и пудинзите да се варат. Кога ќе се затопли млекото ги додаваме и 8 жолчки претходно биени со миксер и се убаво мешаме додека не се згусти филот. Го тргаме настрана и оставаме да се излади.
Ладен филот го биеме со путерот.
Филот го делиме на два дела. Во едниот дел ги додаваме мелените ореви (од овај фил оставаме повеќе значи нешто повеке од половина), а во другиот дел го додаваме чоколадото претходно стопено и убаво биеме пак со миксер.
Започнуваме со филовање и редење на тортата-црна паниспања, жолт фил, над жолтиот фил ставаме од црниот фил, а над него белата паниспања, жолт фил, црн фил и на крај другата црна паниспања и ги домачкуваме жолтиот фил и на крај и црниот фил.
За украсувањето прво убаво се меси локумот со шеќерот во прав и нишестето се додека не се добие убава и мазна смеса која нема да се лепи. Од сместа најпрво ја обложив цела торта со син фондан и потоа ги правев лошите пилиња и прасињата.
Наполитанките ги искористив како ограда на прасињата, а тенгалото го направив од обично дрвце го скршив и го обложив со фондан. Малку се измачив со тортата, доста време ми одзеде, но важно славеникот беше пресреќен. Оваа торта ни беше за ланскиот роденден.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
моите нервозни раце уште не почнале со такви прекраснотии :)