Драги Мои рецепти, мои пријатели
Задоволство ми е да бидам дел од оваа дружба, во која споделуваме, учиме, се надополнуваме во тајните на кујната.
Голем поздрав до сите членови на оваа страна, до целиот тим на Мои рецепти, до посетителите на оваа страна...
Еве го и мојот 200 -ти рецепт, кој беше и роденденска торта на мојот помал 18 годишен син, по негов вкус- комбинација на чоколадо - лешник.
Измислена торта со 3 теста и 3 фила.
Превкусна е.

Најпрво на вообичаен начин се прават сите 3 теста.
Мој совет до сите млади домаќинки, од кога ќе ги изматите белките (јајцата) со шеќерот, сите останати состојки кога ги додавате промешајте со лажица од горе на долу како не би излегол воздухот од пенливото тесто. (не со миксер)

За првото тесто се матата јајцата со шеќерот, па се додаваат останатите состојки.
Убаво сето се промешува и се печи во правоаголна тава на Делимано.
За второто тесто се матат белките со шеќерот, се додават останатите состојки и се печи тесто во истата тава на Делимано.
За третото тесто се матат јајцата со шеќерот, се додаваат останатите состојки и се печи во истата тава.
за фил 1 во мала касерола на оган се ставаат млекото, шеќерот да провријаат, па се додаваат мелените ореви. Додека е топло се додава и чоколадото да се растопи.
Во сад над пареа се матат жолчките со шеќерот до згуснување.
Се мати путерот.
Сите овие делови се соединуваат.

За вториот фил прво се вари пудингот со млекото и шеќерот до згуснување.
Се додава чоколадото да се растопи, па еурокремот. Се додава изматениот путер, па оревите, бадемите, лешниците.

За третиот фил во сад за матење се истура готовиот крем и се додава 400 мл ладно млеко.
Се мати се додека не се згусни 2-3 минути.
До колку немате ваква крема може во замена да се направи сл. фил
500мл млеко, 5 лажици шеќер, 2 пудинзи со вкус на чоколадо, 50 гр црно чоколадо, 100 гр путер.

Филување
1тесто, 1 фил, 2 тесто, 2 фил, 3 тесто, 3 фил.
Цела торта се премачкува по страните со изматен шлаг и се декорира.
Се остава во фрижидер 2-3 часа да се спојат вкусовите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани