Рафаело снешковци
Во тенџере на оган се ставаат водата, маргаринот и шеќерот да се растопат. Кога ќе бидат растопени и кога ќе дојдат до точка на вриење се тргаат од оган и во нив се додаваат претходно измешаните кокос и млекото во прав. Јас користев соино млеко во прав со вкус на ванила и бомбиците имаа многу убав вкус. Потоа смесата убаво се меша за да се соедини. Ја префрлуваме во некој пластичен сад за да се олади побргу.
Одкако смесата ќе се олади од неа се прават бомбици на коишто во средината им се става по еден лешник.
Така подготвените бомбици ги ставаме во фрижидер да се стегнат убаво и потоа се продолжува со валкање во бело чоколадо и кокос.
Белото чоколадо се растопува на пареа со малку зејтин.
На работната маса во еден сад ставаме од кокосот кој што ни е подготвен за валкање на бомбиците. Со едната рака земаме една бомбица ја брцуваме во чоколадото и на неа треба да има од сите страни чоколадо, но не многу количински колку само да има за да се залепи кокосот на нив. Кога бомбицата е обложена со малку чоколадо ја ставаме во садот со кокос и со другата рака ја стискаме бомбицата за да се залепи кокосот од сите страни и така постапката ја повторваме со сите.
За декорација на снешковците овојпат се служев со локум и шеќер во прав. Ги месиме заедно локумот и шеќерот во прав додека смесата не престане да се лепи, Затоа шеќерот во прав варира +- колку количината на локумот. Одкако ќе ја добиеме измесената смеса ја делиме на неколку парчиња кои ги замесуваме со прехрамбени бои. Боите во прав ги раствораме со капка две вода.
Бомбиците ги спојуваме со чепкалка. И ги декорираме. Тука може да ја употребите Вашата креативност.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
srekna nova