Снешковци
Стопете го белото чоколадо и заедно со сите состојки, освен водата исмешајте смеса, која треба да е компактна за правење на бомбици. 2те лажици вода се по потреба за средување на компактноста. Ако сметате дека има потреба, додадете ги, ако не, не мора.
Од смесата правете бомбици, така што половина ќе бидат помали-за главата, а половина поголеми-за телото на Снешкото. Кај мене со оваа големина колку солиден палец излегоа точно 20 парчиња.
Растопете бело чоколадо за да ги глазирате бомбиците. Оставете да се исуши и потоа исто со стопеното чоколадо лепете ги украсите (носињата, копчињата...). Во овој случај, очињата се направени со црно чоколадо.
Од фондан смеса, односно овде од локум, шеќер и малку нишесте се направени капчињата и шалчињата, предходно обоени со прехрамбени бои.
Рецептот самата си го осмислив за средбата за размена на колачиња, бидејќи сакав како за мое прво такво искуство да направам нешто интересно и ме радува што успеав во идејата да им осмислам и состав (да не се расипливи за брзо време) а и скоро да успеав и да наликуваат на Снешко. Во секој случај, мислам дека им се допаднаа :)
Лиценца: Сите права се задржани
Jas vo ukras si go pretvoriv sneskoto :))
http://www.coolinarika.com/recept/marcipan-masa-osnovni-recept/
, а под тоа име побарај можеби ќе ти излезат и повеќе рецепти, па кој ти е полесен-тој. Ако ти е мачно да го правиш, тогаш земи ја само идејата за изгледот од тука, па стави си некоја друга смеса за бомбици, но да е поцрвста, да не е многу мека. Инаку, јас со овој состав се стремев, освен што замислив да се декоративни, да се и трајни-не расипливи спрема состојките и да можат така и да одстојат некое време, а да не се мрзнат за да не им се изгуби ликот. Позз
E, ti celo vreme si sakase takov carsav da napravis, drugite tavi gresno mali svetli podmetaci ti ispadnaa :)))))))))))