Стопете го белото чоколадо и заедно со сите состојки, освен водата исмешајте смеса, која треба да е компактна за правење на бомбици. 2те лажици вода се по потреба за средување на компактноста. Ако сметате дека има потреба, додадете ги, ако не, не мора.

Од смесата правете бомбици, така што половина ќе бидат помали-за главата, а половина поголеми-за телото на Снешкото. Кај мене со оваа големина колку солиден палец излегоа точно 20 парчиња.

Растопете бело чоколадо за да ги глазирате бомбиците. Оставете да се исуши и потоа исто со стопеното чоколадо лепете ги украсите (носињата, копчињата...). Во овој случај, очињата се направени со црно чоколадо.
Од фондан смеса, односно овде од локум, шеќер и малку нишесте се направени капчињата и шалчињата, предходно обоени со прехрамбени бои.

Рецептот самата си го осмислив за средбата за размена на колачиња, бидејќи сакав како за мое прво такво искуство да направам нешто интересно и ме радува што успеав во идејата да им осмислам и состав (да не се расипливи за брзо време) а и скоро да успеав и да наликуваат на Снешко. Во секој случај, мислам дека им се допаднаа :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани