Путер ролнички - рецепт на Паркер Хаус Хотел
Во Бостонскиот хотел Паркер Хаус уште во предминатиот век се создадени два светски познати рецепти. Бостонската крем пита и овие пердувести, путерести ролнички. Можеби и вам ќе ви се допаднат.
Во еден поголем сад ставете ги сите суви состојки и промешајте ги. Додајте ги сите останати состојки за тестото, па со цврста лажица измешајте да добиете груба топка. Месете го тестото на рака десетина минути или во миксер 7-8 минути на средна брзина додека не добиете многу мазно, сјајно и еластично тесто.
Оставете го во намастен сад покриено со проѕирна фолија околу час и половина. Нема да се удвои тестото за тоа време, но видливо ќе нарасне.
Лесно премесете го тестото и поделете го на четири дела кои ќе ги формирате во топки и ќе ги оставите да се одморат десетина минути.
Секоја топка расучете ја во правоаголник 20 на 30 цм, па намачкајте ја со тенок слој растопен путер. Завиткајте го тестото во ролат на подолгата страна и пресечете го на 4 ролнички. Повторете ја постапката со останатите топки тесто.
Нека ви остане малку растопен путер да ги премачкате ролничките одозгора пред и после печењето.
На плехот од шпоретот ставете хартија за печење. Наредете ги добиените 16 ролнички, премачкајте ги со растопен путер и оставете ги да стасаат покриени со проѕирна фолија некаде околу 40 - 60 мин.
Кога се нараснати ќе го наполнат плехот и скоро ќе се доближани едни со други.
Загрејте ја рерната на 200 Ц.
Нараснатите ролнички печете ги дваесетина минути до убава златна боја.
Жешки уште еднаш премачкајте ги со преостанатиот путер, покријте ги со крпа малку да подоладат.
Уживајте....
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Fala vi na site :)
Инаку ме инспирираше,искрено и сериозно сега,па направив нешто во овој стил,не исто,но начинот на ставање путер го копирав,а и формата ја копирав.Внатре ги наполнив со пармезан,некои со биено сирење,а некои со мармалад од смокви.И на крај кога ги намачкав така врелички со путер...........................знаеш :))),а на другите не им кажуваме,нека им биде предизвик рецептот
Fala ti mnogu !! Mene nisto ne mi izgleda zgreseno, naprotiv, mislam deka se bas pogodeni... I drago mi e sto gi bendisavte :))
Fala ti :))
Ovie od slikava se onie koi bea "doraboteni" po nas vkus, a eve gi onie za pred gostite:
Kaj tebe se definitivno poednakvi od moite... Jas mudro po edna slikam :)))))