Испечати

Путер ролнички - рецепт на Паркер Хаус Хотел

Путер ролнички - рецепт на Паркер Хаус Хотел

Состојки

  • За тесто
  • 3 шољи (390 гр) сенаменско брашно
  • 2 1/2 лажички (7 гр) сув квасец
  • 3 лажици (36 гр) шеќер
  • 1 1/4 лажичка сол
  • 3/4 шоља (60 гр) снегулки за инстант пире
  • 3 лажици (45 гр) растопен путер
  • 1 шоља (235 мл) млеко
  • 1 (63 - 73 гр) големо јајце
  • За премачкување на ролничките
  • 4 лажици (60 гр) растопен путер

Подготовка

Во Бостонскиот хотел Паркер Хаус уште во предминатиот век се создадени два светски познати рецепти. Бостонската крем пита и овие пердувести, путерести ролнички. Можеби и вам ќе ви се допаднат.

Во еден поголем сад ставете ги сите суви состојки и промешајте ги. Додајте ги сите останати состојки за тестото, па со цврста лажица измешајте да добиете груба топка. Месете го тестото на рака десетина минути или во миксер 7-8 минути на средна брзина додека не добиете многу мазно, сјајно и еластично тесто.
Оставете го во намастен сад покриено со проѕирна фолија околу час и половина. Нема да се удвои тестото за тоа време, но видливо ќе нарасне.
Лесно премесете го тестото и поделете го на четири дела кои ќе ги формирате во топки и ќе ги оставите да се одморат десетина минути.
Секоја топка расучете ја во правоаголник 20 на 30 цм, па намачкајте ја со тенок слој растопен путер. Завиткајте го тестото во ролат на подолгата страна и пресечете го на 4 ролнички. Повторете ја постапката со останатите топки тесто.
Нека ви остане малку растопен путер да ги премачкате ролничките одозгора пред и после печењето.

На плехот од шпоретот ставете хартија за печење. Наредете ги добиените 16 ролнички, премачкајте ги со растопен путер и оставете ги да стасаат покриени со проѕирна фолија некаде околу 40 - 60 мин.
Кога се нараснати ќе го наполнат плехот и скоро ќе се доближани едни со други.
Загрејте ја рерната на 200 Ц.
Нараснатите ролнички печете ги дваесетина минути до убава златна боја.
Жешки уште еднаш премачкајте ги со преостанатиот путер, покријте ги со крпа малку да подоладат.
Уживајте....