Пролетна салата со туна (Мексиканска салата)
Туната исцедете ја и ставете ја во еден длабок сад. Пиперките исечкајте ги на коцки, а кромидот на тенки полу кругови. На доматите извадете им го семето и нив исечкајте ги на коцки. Пченката исцедете ја и заедно со другиот зеленчук додадете ја во садот.
На страна во помал длабок сад, ставете ги сите состојки за дресингот и убаво измешајте со жица за матење. Налијте ја салатата. Посолете и побиберете по вкус.
Пред да послужите, оставете ја салатата барем 2 часа да отстои во фрижидер.
Салатава може да замени и цел оброк. Одлично оди со интегрален леб.
Кој не сака чили, може да го замени со кари и така е вкусно. Доколку ви останало печено месо од претходниот ден може да го употребите за оваа салата наместо туна.
Лиценца: Сите права се задржани