Мексиканска салата со пилешко месо и авокадо
Салатата е убава и освежителна, може и како додаток на јадењето и како главно јадење.
Прво месото го премачкуваме со сенф и зачин од сушен зеленчук.Нека постои 15 минути и потоа се пржи за да зарумени и од двете страни.Се остава да олади.Во мала тегличка ги ставаме медот,маслиновиот зејтин,цедениот сок од лимон,сол и црн пипер и мешаме со лажичка да се стопи медот.
Марулата ја миеме и ја сечеме во една здела.Во друг сад ги сечеме доматите,авокадото и ја додаваме пченката. Додаваме малку сок од цеден лимон.Месото го сечеме на помали парчиња.На марулата ставаме малку сол,мешаме и одозгора ги додаваме доматите со авокадото и пченката.Полеваме со половина од преливот,го додаваме месото и одозгора пак со преливот.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови