Похувани пилешки крилца со ризи бизи
1. Во тенџере на оган со зовриена вода, додаваме мешан зачин и ги ставаме крилцата да се варат околу 30мин.
2. Во друго тенџере на оган во загреано масло го динстаме грашокот. Зачинуваме со мешан зачин и промешуваме. Откако грашокот ќе се издинста го тргаме тенџерето од оган, во теџерето го додаваме варениот ориз и промешуваме.
3. Сварените крилца ги свалкуваме во брашно, изматени јајца и лебни трошки и ги пржиме во тава на оган со поголема количина загреано масло. Похуваните крилца ги ставаме на чинија обложена со хартија.
4. Со помош на калап или филџанче како во мојот случај правиме купови ризи бизи и украсуваме по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови