Видео рецепт: Теријаки пилешки крилца
Денес ќе готвиме заедно со Лилин, готвач член на нашата веб-страница. Лилин ќе подготви еден од нејзините рецепти, Теријаки пилешки крилца.
Пилешки крилца, печени во леплив сос од соја, мед, ѓумбир и лук. Овој рецепт ветува егзотично доживување!
Состојки
- 1 килограм пилешки крилца
За МАРИНАДА ќе ви треба:
- 1 шолја сос од соја
- 1 шолја вода
- 1/2 шолја мед
- 1/2 шолја кафеав шеќер
- 1/4 шолја јаболков оцет
- 1/4 шолја масло
- 4-5 чешниња згмечен лук
- 1 лажичка ѓумбир во прав или рендан
Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Средно
Лица: 4
Време на подготовка: 1-2 часа
Мерете со шолја од 250 милилитри.
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сет тави за пица и Сад за сос.
Подготовка
Чекор 1: Најпрво добро измешајте ги сите состојки за маринадата. На крилцата отстранете им ги врвовите, пресечете ги на половина, и добро измешајте ги во маринадата. Оставете ги во фрижидер најмалку 1 час, но не подолго од 2 часа, бидејќи ќе потемнат од маринадата.
Чекор 2: Маринираните крилца наредете ги во тавата со кожата надолу, покријте ги со алуминиумска фолија и печете ги во загреана рерна на 175С, 30 минути. Во меѓувреме провријте ја маринадата за да се згусти, до густина слична како мед.
Чекор 3: По 30 минути, извадете ја фолијата, премачкајте ги крилцата со густата маринада и ставете ги да се печат уште четириесетина минути. Премачкајте ги со густата маринада уште 2 пати на секои 10 до 15 минути. Кога ќе бидат готови треба да се карамелизирани, лепливи и неодоливо вкусни!
Чекор 4: Сервирајте ги со луто пиперче, за оние кои сакаат уште попикантен вкус. Уживајте!
СОВЕТ: Овој рецепт бара малку повеќе време, како за рецепт за подготовка на пилешки крилца, но вкусот со кој ќе бидете наградени на крајот вреди многу повеќе!
Fala vi na site :)
Mozi i so nodzinja, zosto ne :)) So korekcija na vremeto na pecenje i losos vaka mozi da se napravi :)
Imavme prekrasen rucek. Merakliski napraven (so svez gjumbir), a sto me iznenadi, sin mi izede sigurno 10 parcinja :))
Fala Lili za preubaviot recept.