Посни ружички со спанаќ
тТестото се замесува и се остава да стаса. Кога е готово се дели на 3 дела, од едниот дела се прават топчиња и секое топче се расукува во круг како на сликата и се става на средината фил, се формираат ружите и се редат во плех. Истото се повторува со другите 2 дела, ама јас да ги направам поразлични другите 2 дела ги направив како полжавчиња. Секој дел се расукува посебно во кора и се попрскува со филот, се мота ролат и се сечат парчиња дебели колку 2 прста, се редат во плех налегнати и секое парченце се притиснува по малку одозгоре да биде поналегнато. Се оставаат да стасат во плехот уште 15 минути, па на секоја ружа се става по една коцка маргарин и се печат на 200 околу 20 минути. Испечени се покриваат со крпа да се здушат и да омекнат.
Лиценца: Сите права се задржани
МРШ ОД КУЈНА!!!
ти знаеш дека има деснаци со две леви раце? :) :) :) :)
па не сме сите вака талентирани :(
многу се убави, ептен :)