Денес имавме превкусеееен појадок.
Мали солени ружички кои однадвор беа крцкави, а внатрешноста им беше многу мека и сочна
Пробајте ги.
Во тава ставаме 2-3 лажици масло.
Го додаваме ситно сецканиот праз и пржиме, убаво да се испржи, неколку минути на умерен оган.
Кога е готов го додаваме исчистениот спанаќ, да овени.
Промешуваме и тргаме на страна.
Додаваме сол, бибер и кога е изладена смесата 1 јајце.
Соединуваме.
Сега ја земаме првата кора, расфрламе од филот по цела површина, не мора да е многу начесто па завиткуваме лабаво како ролатче, а потоа како полжавче.
Постапката е иста со сите кори.
Ги редиме во плех.
Сега во мал сад ги соединуваме маслото, киселата вода, пецивото и јајцето.
Може тука да се стави и малку сол.
Со четка од оваа течност убаво нанесуваме врз секоја ружичка.
Ги наросуваме со сусам и одма ги печиме во загреана релна на 180 степени околу 35-40 минути, односно да заруменат.
Испечени ги редиме на кујнска жица, оставаме малку да се изладат и ги сервираме топли со чаша јогурт.
На здарвје убавинава.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани