Солени ружички
Од кога ги видов ружичките на слика посакав да ги направам, ама немаше рецепт за тестото и филот така да си го искористив тестото за кифлички и филот си го направив по мој вкус само без спанак. Тестото си го замесуваме со дадените состојки и го оставаме да стаса. Сирењето се дроби со вилушка и се меша со јајцето и пченкарното брашно. Од кога ќе стаса, тестото се дели на топчиња, секое топче се расукува во круг се засекува на 4 страни како на сликата и се става во средината од филот. Потоа секоја страна се мота накај средината како што е на сликата. Ружите се редат во плех намачкан со маргарин, се остават да отстојат околу 15 мин, па се премачкуваат со жолчка. Се посипуваат со сусам и на секоја се става по едно мало парченце маргарин. Се печат на 200 с .
Лиценца: Сите права се задржани