Парени ружички
Се замесува тесто од маргаринот, зејтинот, јајцата, павлаката, брашното и пецивото. Убаво се меси додека се добие компактна смеса и тестото се дели на два дела. Едниот останува жолт, а во другиот дел се додава какаото. Ако сакате поубава појака боја тогаш какаото растворете го со 2 лажици вриена вода, затоа што ако го додадете во прав тогаш бојата ќе е побледа.
Од тестото се сукаат кори и од секоја кора со чаша се вадат кругови. Тие кругови се редат наизменично црн-жолт-црн или обратно се надлагнуваат еден со друг, се сечат на половина по должина и се витка ружичка. Ружичките се редат во подмачкан плех и се печат. Овие колачи може да се прават и во други форми=јас ги искористив срценцата од Делимано.
Шербет
Се става шеќерот и се налева со водата, па се вари шербет околу 5-8мин по зовривањето. На крај се цеди сок од еден лимон или помалку се тоа е индивидуално по вкус. Колачите треба да се ладни, а шербетот врел
po grams.. fala..
А штом е парено....... NO COMMENT!!!