
21
мар
2013
Парени колачи со кокос
Се замесува тесто од сите состојки. Се меси додека се добие убава компактна смеса и се остава да одмори 10 минути.
Од тестото се прават колачи во форма по желба, моите се правени со шприц за тулумби. Се редат во подмачкан плех и се ставаат на печење во загреана рерна. Се печат 15-20 минути на 180степени.
Шербет
Шеќерот се налева со водата и се става да врие 3-5 минути. Колачите треба да се оладат, па се преливаат со врелиот шербет.
Во зависност од формата и желба може да се наросат со кокос или чоко прелив.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела