Замесете тесто од наведените состојки за тесто да биде средно тесто.
Од тестото одделете една топка околу 1/4 и додадете му какао и ореви на помалиот дел и замесете.
На набрашнета маса развлечете кора да биде тенка како јуфка, а на долниот ставете го кафениот дел направен како на сликата. Оставете 10 минути да се засуши, а потоа свиткајте го како ролат.
Од ролатот вадете парчиња по 1 цм и благо притиснете ги, наредете на хартија за печење и печете на 220 степени додека добиете убава боја.

За шербетот ставете го шеќерот, водата и лимонтус. Кога ќе почне да врие варете 10 минути.
Изладените и печени колачи попарете ги со шербет и оставете еден ден за убаво да омекнат.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови