Испечати

Парени ружички

Парени ружички

Состојки

  • 350гр маргарин
  • 100мл зејтин
  • 4лажици кисела павлака или кисело млеко
  • 4лажици шеќер
  • 800-900гр брашно
  • 1 пециво
  • 2 јајца
  • шербет
  • 1,2кг шеќер
  • 750мл вода
  • 1 лимон

Подготовка

Се замесува тесто од маргаринот, зејтинот, јајцата, павлаката, брашното и пецивото. Убаво се меси додека се добие компактна смеса и тестото се дели на два дела. Едниот останува жолт, а во другиот дел се додава какаото. Ако сакате поубава појака боја тогаш какаото растворете го со 2 лажици вриена вода, затоа што ако го додадете во прав тогаш бојата ќе е побледа.
Од тестото се сукаат кори и од секоја кора со чаша се вадат кругови. Тие кругови се редат наизменично црн-жолт-црн или обратно се надлагнуваат еден со друг, се сечат на половина по должина и се витка ружичка. Ружичките се редат во подмачкан плех и се печат. Овие колачи може да се прават и во други форми=јас ги искористив срценцата од Делимано.

Шербет
Се става шеќерот и се налева со водата, па се вари шербет околу 5-8мин по зовривањето.  На крај се цеди сок од еден лимон или помалку се тоа е индивидуално по вкус. Колачите треба да се ладни, а шербетот врел