28
мар
2014
Посни воздушести крофни
Се замесува од сите состојки глатко тесто-понамеко. Се остава да надојде. Пак се размесува и се сука кора со дебелина од 1 прст.
Се сечат со чаша кругови и пак се оставаат да се одморат 10 мин. Потоа секој круг се расукува малку (како на сликата) и се остава уште 10 мин да кисне. Се пржат во загреано топло (не врело)масло.
Одкако ќе се испржат се валкаат во шеќер во прав. По желба се полнат со мармалад или шлаг.
КРОФНИТЕ СЕ ОД ВНАТРЕ ПРАЗНИ-шупливи-точно за да се стави фил.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани