Посна чоко-урма торта
Мојата 100-ка =)
Посна, кремаста, вкусна и што е најважно целосно здрава и без додавање на шеќер.
Би сакала прво да кажам едно големо благодарам на целиот тим на МоиРецепти што ни овозможија виртуелно да се дружиме, да учиме едни од други и да споделуваме најразлични рецепти =)
Секако благодарност и до вас девојки, за сите ваши рецепти (дел испробани, дел на листа на чекање =)) и за сите позитивни коментари и критики за испратените рецепти.
Посните денови за мене се инспирација и доказ дека и посните јадења се подеднакво вкусни и многу лесни за подготовка. Особено последниве години се трудам тоа да биде и без масло. Верувајте има многу многу рецепти.
За да не биде премногу за читање, да почнеме со подготовката.
1. За основата, урмите измелете ги на машина за мелење и спојте ги со мелените јатки (користев ореви), овесот и какаото. Убаво измесете со раце за да се соедини. Расплескајте убаво во калап со бр.18. Доколку е обичен калап ставете најлонска фолија, а ако е од калапите со прстен не мора.
2. Овошјето оставете го убаво да се одмрзне, прецедете го од сокот, доколку има покрупни делови пресечето па распоредете го врз основата, оставајќи 1см (да не допира до краевите). Може да користите и банани или некое овошје по избор.
3. За кремот, сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не се добие убава кремаста смеса. Нанесете ја врз овошјето и внимателно со шпатулка распоредете рамномерно. Ставете го калапот во фрижидер да се стегне малку.
4. На тивок оган растопете ги јаворовиот сируп и какаото. Внимателно извадете ја тортата од калапот и чоколадирајте. Декорација по желба.
Тортата е доста мека, особено кремастиот дел, па пожелно е да се чува во замрзнувач. Извадете ја 30тина мин. пред служење.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
А тортата, се знае, мој тип на состојки, посно, вкусно, лесно, здраво...)))))
Tortata-top...
И овој рецепт навистина покажува дека посното може да биде и вкусно, како и другите твои рецепти. Ти благодариме за твојот ентузијазам за споделување на твоите искуства со посна храна - за која навистина има многу интерес од нашите фанови, и се повеќе луѓе се трудат да се грижат за своето здравје со ваков начин на детоксикација на организмот .
Како благодарност добиваш Делимано Есеншал сет. Честитки!
Posebno me voodusevuva kakvi cuda mozete da napravite od malku sostojki... Bravo!