Од состојките за тесто замесете многу меко тесто.
Поделете го на 2 дела и оставете го во длабоки садови во кои ќе ставите по 1 лажичка маслиново масло.
Покријте ги со најлонска фолија и оставете ги во фрижидер да одстојат (најдобро 1 ноќ).
Отстоените теста за пица развлечете ги со раце и ставете ги во плех посипан со брашно.
Нанесете од доматната салса, наросете оригано.
Одозгора додајте од туната, ситно сецканиот кромид и листови шампињони.
Попрскајте ги со маслото исцедено од туната и ставете да се печат на 200 степени, напрвин надолу во шпоретот(10минути), а потоа уште 10 минути на средната решетка.

По желба можете да си додадете и други состојки, јас во едната додадов и малку тиквичка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани