Полнети ѓевречиња
Загрејте го млекото со маргаринот.
Во сад за месење измешајте ги сите суви состојки.
Потоа додадете го јајцето, јогуртот и загреаното млеко.
Измесете тесто и оставете го половина час на топло да се дуплира.
За тоа време спремете го филот. Едноставно измешајте ги сите состојки во компактна целина. Сирењето изгмечете го предходно.
Тестото поделете го на повеќе делови, во зависност од тоа колкави сакате да ви бидат ѓевречињата.
Секој дел изучете го во правоаголник, премачкајте го со филот и сролајте го од долгата страна. Потоа завиткајте го неколку пати како да цедите мокри алишта и спојте ги краевите.
Премачкајте ги одозгора со жолчка изматена со 1-2 лажиче масло и наросете ги со сусам.
Печете на 200 степени околу 15 на мин.
Лиценца: Сите права се задржани
Odlicni. :D
Се сложувам Елиза, на гладен стомак не е паметно да се отвораат Мои Рецепти ;)
ама признај дека не ти се сите вака убави на лик. имаш и грди, ама за да ти љубомориме не ги покажуваш :) :) :) :)
Лудо, нормално дека ги одбирав најубавите за сликање, ама и другите не беа нешто полоши од овие, освен можеби некое не добро „зацедено“ од сите страни ;) не дека сум јас толку способна, ама пробај-ќе видиш ;)