Испечати

Полнети ѓевречиња

Полнети ѓевречиња

Состојки

  • 400 гр брашно
  • 20 гр маргарин
  • 150 гр млеко
  • 1 јајце
  • 1 пак. сув квасец (7 гр)
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • 1 лажиче сол
  • 50 мл јогурт
  • * За фил -
  • 1 белка
  • 150 гр сирење или урда
  • 50 гр кисела павлака
  • * За премачкување -
  • 1 жолчка разматена со 1 лажица масло
  • малку сусам

Подготовка

Загрејте го млекото со маргаринот.
Во сад за месење измешајте ги сите суви состојки.
Потоа додадете го јајцето, јогуртот и загреаното млеко.
Измесете тесто и оставете го половина час на топло да се дуплира.
За тоа време спремете го филот. Едноставно измешајте ги сите состојки во компактна целина. Сирењето изгмечете го предходно.
Тестото поделете го на повеќе делови, во зависност од тоа колкави сакате да ви бидат ѓевречињата.
Секој дел изучете го во правоаголник, премачкајте го со филот и сролајте го од долгата страна. Потоа завиткајте го неколку пати како да цедите мокри алишта и спојте ги краевите.
Премачкајте ги одозгора со жолчка изматена со 1-2 лажиче масло и наросете ги со сусам.
Печете на 200 степени околу 15 на мин.