Овој рецепт го подготвувам со години идејата е моја кога во една прилика ми останаа малку повеќе палачинки, за да ги искористам сите си подготвив наредниот ден еден интересен куглоф со палачинки. Вкусот на ликерот и брусницата во комбинација со чоколадото е преубаво.
Подготовка
1. Јајцата ги матиме го додаваме млекото, газираната вода, зејтинот и брашното добиваме смеса за палачинки. Во пола смеса ставаме 2 лажици какао. Подготвуваме палачинки зависи од големината на куглофот за мојот се доволни 3 бели палачинки и 3 црни палачинки.
2. Преку ноќ во стаклена здела ја ставив брусницата со ликерот од јагода да набабри, а потоа ја изблендирав. Во посебен сад топиме 200гр бела чоколада и во неа ја додаваме брусницата. Палачинките ги премачкуваме со смесата од чоколадо и брусница и мотаме во ролат.
3. Во тенџере го топиме путерот го тргаме на страна и додаваме 150гр шеќер,150мл млеко сувите состојки брашното, какаото и прашокот за пециво ги мешаме и додаваме на предходната смеса. Јајцата предходно изматени ги соединуваме со смесата и вака подготвено половина од смесата ја сипуваме во добро подмачкан куглоф и запекуваме на 180 степени.Потоа го вадиме куглофот ги редиме ролатите од палачинки и ја преливаме останатата смеса да се покријат палачинките. Куглофот го печеме на тивко 1час на 180степени.
4. Одкако куглофот е печен го преливаме со 100гр црна топена чоколада по желба може да се прелие со ликер измешан со мармалад од модри сливи.
Се надевам дека ви се допадна рецептот за малку поинакви подготвени палачинки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани