Најубавото тесто за пица, според мене е многу едноставен рецепт. Сите дома ја обожаваме, тестото е одоздола крцкаво, а во горните слоеви меко и сочно.

1. Го замесуваме тестото со млака вода до средно меко. Го оставаме да стаса, да се дуплира.
2. Го размесуваме на брашно и го делиме на 6-7 топчиња.
3. Секое топче го расукуваме на круг, тенко тесто и го ставаме во набрашнето тавче бр. 30.
4. Тестото го мачкаме со кечап или ајвар.
5. Редиме прво шунка исечена на тенки листови, поделени на две половинки.
6. Редиме од свежите печурки исечени на листови.
7. Рендаме кашкавал и на крај посипуваме со оригано насекаде.
8. Веднаш ја печеме во загреана рерна на 250 степени, на најниската решетка која ја имате во рерната (не ја чекаме да стасува).

Со овој начин на печење се добива многу вкусно тесто, крцкаво одоздола, а сепак меко и сочно. Најважно е да тестото кога ќе го ставите во тавче, за да се добие оригинална пица, биде навистина тенко исукано. Кога ќе се испече тоа нараснува и ја добива потребната дебелина. Моите дома ја сакаат најмногу со пикантен ајвар како подлога во нејзе, но јас ја правам и со кечап ( има слики). Инаку ако сакате можете да си ја печете во поголеми тавчиња. Јас овој пат ја правев вака, за да сите дома добијат по една пица со таа големина. Ако ви е многу состојки за вашето семејство, поделете ги. Јас ви прикажав баш како што сум ја правела.

Ви ја открив мојата тајна за правење идеална пица. Колку е вкусна, знаат децата...А и ние...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани