Убава пица, идејата за јајцата е моја. Се надевам дека ќе ви се допадне.
Подготовка.
1. Брашното измешајте го со солта во посебна чинија. Квасецот ставете го во филџан, додадете го шеќерот и полејте го со топлата вода. Помешајте се и оставете квасецот да се активира. Потоа квасецот сипете го во брашното и додадете го маслиновото масло. Замесете го тестото, ставете го на работната маса и месете го 10 минути додека не постане мазно. Оставете го на топло да постои 45-60 минути, додека масата не се зголеми двојно.

2. Стасаното тесто ставете го на набрашнета работна маса и со рацете развлекувајте го да го добие обликот на тепсијата во која ќе ја печете пицата. Никако немојте да го обработувате со оклагија.

3. Развлеченото тесто внимателно префрлете го во плехот, ставете му неколку лажици од сосот и сите прилози по желба. Јајцат скршете ги пред печење, кашкавалот ставете го непосредно пред да ја извадите пицата од рерна.

Пицата се пече во рерна загреана на 25 степени, некои 15 минути додека убаво не се зацрвени.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани