Најубавиот начин на правење пица (секако според мене и членовите на моето семејство). Откога ја правам витката полна со кашкавал, повеќе не им останува во чинијата на моите деца. Секако, многу битно е и тестото и начинот на печење...

Мојот начин на правење пица е следен

1. Најпрво го замесуваме тестото од наведените состојки и го оставаме покриено со стреч фолија, па завиткано во чаршафче да стаса.
2. Потоа го делиме на 4 еднакви делови (за 4 пици со големина колку тавче број 28 или на 3 дела за поголеми пици)
3. Тајната на мојот начин на печење е во тоа што не ја печам пицата во тавче, туку директно ја формирам на набрашнета хартија за печење, ќошињата им ги засекувам како на дополнителната слика, им ставам рендан кашкавал и ги затворам.
4. Потоа ставам насекаде кечап, рендам кашкавал, рендам шунка, ставам печурки и оригано.
5. Пицата ја префрламе со помош на дрвена даска врз решетката од рерната и печеме на најјака температура (кај мене е до 275 степени)

Забелешка - Пицата не стасува, се формира, се реди мастрафот и веднаш се пече.
Ова е нашата идеална пица, ако ја пробате, ќе се изненадите колку многу е вкусна, и верувам дека ќе биде често застапена и на вашето мени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови