Пита со сирење и пита со печурки( две пити )
Во сад за месење ги ставаме брашното, солта шеќерот, црвениот пипер и магдоносот и промешуваме. Претходно го припремаме квасецот, правиме кратер на средината од садот. Го замесуваме тестото со квасецот и водата и оставаме да стаса. Тестото да биде средно замесено.
Кога ќе стаса тестото го делиме на 8 топчиња. Од секое топче расукуваме тенка кора, ја попрскуваме со зејтин и додаваме од претходно изренданото сирење. Ја засукуваме кората од двете страни накај средината на кората и ја ставаме во подмачкан плех со зејтин или маргарин. Така правиме и со останатите топчиња.
Јас од ова тесто поделив за две плекчиња односно 5 топчиња за питата со сирење и 3 за питата со печурки. Корите за питата со печурки ги правев на следниот начин.
Секое топче од трите ги поделив на по две и ги развлеков со сукалка како јазик во должина околу 30цм, ширина околу 7 цм, попрскав со зејтин и додадов од печурките, претходно исецкани на ситно. Секое јазиче го преклопував и со другото направив плетенка. Плетенката ја засукав во круг. Додека да ги спремиме двете пити тестото ќе ни нарасне и питите веќе се спремни за печење.
Ги премачкуваме со малку зејтин и жолчка, посипуваме со ким и ги печеме питите една по една. Печеме на 200 степени околу 40 минути или во зависност од печењето на шпоретот. Питата излезе многу вкусна, па повелете има и за гости. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
ama mi treba odmor i4 ne sum odmorena ova godina .. ova obavezno ke go probam
туку, тоа маринираните печурки како ме нервираат. што се' не сум им правела за да им го извадам тој одвратен вкус и на крај ги победив.
пред спремање, а уште подобро од вечер, ги ставам во топла вода да стојат и се одмаринируваат. кога ќе ги пробам, ако не ми се допаѓаат, пак ги давам во топла вода и на крај попаметниот попушта и не се веќе маринирани :) :) :) :)