23
авг
2014
Пилешки копани со крем сирење, рузмарин и печурки
Копаните ги вадиме од коската убаво ги посолуваме додаваме и сув зачин и оставаме 20 минути да стојат. Маслото го ставаме да се загрее, копаните ги валкаме во брашното и ги ставаме на врелото масло да се пржат додека поруменат од двете страни. Откога ќе поруменат ја налеваме водата го додаваме и рузмариноти оставаме на тивко да си крчка 20-30 минути. Откога ќе изврие водата и останува густ сос, копаните ги вадиме на страна и во сосот го истураме крем сирењето и исцедените печурки, промешуваме и се става врз копаните.
На здравје !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови